Уметникот Златко Крстески на меѓународна изложба за „НЕ за војната“


Македонскиот уметник Златко Крстевски учествува на меѓународната изложба што од синоќа е отворена под наслов „Не за војна“ (No To War) и е солидарност со украинскиот народ.

Крстески учествува во рамките на 4-тата Меѓународна хуманитарна иницијатива на „Картон хом нетворк интернационал“ од Норвешка, во соработка со Партијата на добриот хумор (ПДХ) од Полска, Унијата на уметници од Софија и со францускиот „Desin pur de Paks“.

Како што вели Крстески, нека излезе целиот демократски свет и со силен и јасен глас нека каже: „НЕ за војна“ .

– Во време на насилство врз мирољубивиот народ, кога сенката на тотална војна се надѕира над Европа со подготовка на нуклеарно оружје, кога сенките на Мордор лазат од страв, орди на античовечки, принудени од пиштолот на диктаторот, насочени кон задниот дел од главата, да пукаат во нивните браќа во 21 век, подготвени да загрозат животи ширум светот, нагласува македонскиот уметник Златко Крстески.