Умерен сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради изведување на градежни работи, од утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата помеѓу селата Климештани и Мешеишта ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.