Уличен дефект остави без вода дел од Долно Лисиче

Без вода во моментов се корисниците на улицата „1“ и дел од „2“ во Долно Лисиче, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Причината била уличен дефект на крстосницата од улиците „1“ и „4“, а засегнатите корисници ќе останат без вода до завршување со санација на дефектот.