Украл камион, прегазил луѓе, можен терористички напад во Германија


Најмалку 17 луѓе се повредени кога непознат маж со украден камион налетал на повеќе возила во центарот на Лимбург во Германија, соопшти локалната полиција.

Меѓу повредените е и возачот на украдениот камион кој е уапсен.

Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички напад.