Украинско разузнавање: Русија со ова темпо може да ја води војната уште една година


Разурнатиот Северодонецк

 

На Русија ѝ снема прецизни ракети и ќе може да ја продолжи војната со сегашното темпо само една година, тврди Украинскиот директорат за одбрана.

Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија изведува многу помалку ракетни напади и дека користи ракети Кх-22, за кои рече дека се „стари советски ракети направени во 1970-тите“.

„Ова покажува дека на Русија ѝ снемува ракети со висока прецизност“, рече Вадим Скибицки од Дирекцијата во објава на Фејсбук.

Дирекцијата рече дека економските ресурси на Русија ќе ѝ овозможат да ја продолжи војната со сегашното темпо една година.

„Раководството на Кремљ може да се обиде да ја замрзне војната некое време за да го убеди Западот да ги откаже санкциите, а потоа да ја продолжи агресијата“, додаде Дирекцијата.

Нивната цел е цела Украина, но не само Украина“.