Украинските војници наскоро ќе почнат со обука на противвоздушните системи „Патриот“


Анонимен американски претставник денеска изјави дека украинските војници ќе започнат со обука на противвоздушните системи „Патриот“ во наредните недели во база во САД.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека обуката ќе се одржи во Форт Сил, Оклахома, пренесоа светските медиуми.

Украинските војници претходно поминаа дел од обуката во САД, вклучително и запознавање со беспилотните летала „Свичблејд“.