Украинскиот извоз на жито се врати на предвоените нивоа


 

Извозот во првите 17 дена од октомври е за само 2,4% помал во однос на истиот период од 2021 година, и покрај затворањето на неколку поморски пристаништа и руската инвазија, покажаа податоците на Министерството за земјоделство во понеделникот, јави Ројтерс.

Извозот на жито во земјата опадна од февруари, откако војната ги затвори украинските пристаништа на Црното Море, што ги зголеми глобалните цени на храната и поттикна стравувања од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.

Три црноморски пристаништа беа деблокирани на крајот на јули според договорот меѓу Москва и Киев, со посредство на Обединетите нации и Турција.