Украински војници се жалат дека немаат поддршка од командантите

Сторија на „Вашингтон пост“ за борци од Североденецк кои се разочарани затоа што не добиле воена поддршка


Украинските војници трпат тешки загуби во Донбас

 

Откако Русија изврши инвазија во февруари, еден од најголемите наративи во западните медиуми е нискиот морал меѓу нејзините војници.

Украинските вооружени сили, од друга страна, беа прикажани како високо мотивирани да се борат за одбрана на својата земја.

Но, тоа можеби не е целата слика. Во една статија во денешниот „Вашингтон пост“, двајца офицери што ја предводат четата на доброволци ја опишуваат нивната загриженост поради недостигот на поддршка од високи команданти на линијата на фронтот.

Командантот на четата Серхи Лапко вели: „Нашата команда не презема никаква одговорност. Тие ја земаат само заслугата за нашите достигнувања. Тие не ни даваат никаква поддршка“.

Тие одбиваат да продолжат да се борат и се соочуваат со апсење и воен суд.

Објавата вклучува и видео од група која вели дека е дел од 115-та бригада, третиот баталјон кој се бори во Северодонецк. Тие велат дека одбиваат да служат затоа што „немаат борбени команданти, немаат опрема, немаат почит“.

„Веќе две недели чекаме засилување“, вели еден од војниците. „Нѐ праќаат во сигурна смрт“.

Случаите на украински доброволци кои одбиваат да се борат се ретки, а друга група борци во истиот баталјон се спротивстави со свое видео, опишувајќи ги како дезертери кои ги напуштиле своите колеги.

„Мислеа дека се на одмор“, вели припадник на службата во видеото.

Сепак, се чини дека татнежите на незадоволство станаа почести.

Членовите на баталјонот за територијална одбрана од централниот регион Черкаси рекоа дека иако се подготвени да се борат, им недостасува тешко вооружување што им е потребно за борба.

Видеото, кое има адреса на неофицијален воен канал на Телеграм, беше објавено од проруски блогер во последните денови.

Каналот вели дека има голем пораст на бројот на слични видеа од почетокот на мај.