Украински снајперист собори крстосувачка ракета со митралез (Видео)


 

Руските напади врз Киев не стивнуваат цели два дена, а среде најжестоките ракетни истрели, на социјалните мрежи се појави видео од украинските копнени сили како пукаат кон руски ракети.

На еден од нив му успеа речиси невозможното – собори крстаречка ракета на ноќното небо. Тој, наводно, го направил тоа со митралез „Браунинг М2“ и брзо стана национален херој, за што сведочат серијата објави на Икс.

„Синоќа, украинските војници со митралез соборија руска крстосувачка ракета. Се наежувам кога ги слушам како навиваат на крајот од видеото. За време на ракетниот напад врз Киев, мобилната група на копнените сили ја уништи непријателската крстосувачка ракета со оган од митралез ‘Браунинг М2’. Вистински херои“, стои во една од објавата на X (поранешен Твитер).

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, извести за сè:

„Министерството за внатрешни работи на Украина покажа војник на Националната гарда кој собори крстосувачка ракета насочена кон Киев ноќта на 21 март. Неговото име е Олексиј. Тој е противвоздушен снајперист на бригадата ‘Буреви’ од мобилната стрелачка група. Војникот заедно со своите другари ги штити украинските градови за време на непријателските воздушни напади“, објасни Герашченко, а потоа ги пренесе зборовите на новиот херој:

„Истрчав до позицијата. Откако ја проценив ситуацијата, визуелно ја најдов целта со мојот термички нишан и го погодив проектилот. Буквално имав неколку секунди да го направам сето тоа“, изјави Олексиј. Еден момент подоцна, рече тој, видел како проектилот експлодира.