Украинската армија почна да го користи германските „Панцерхаубици 2000“


 

Според министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, екипажите на „Панцерхаубици 2000“ ја завршиле обуката и тие артилериски орудија се веќе на фронтот.

„Важно. Ова е шести тип на артилерија од 155 мм што ја зајакнува нашата одбрана“, рече Резников.

Украинската војска денеска соопшти и дека извршила напад на Змискиот Остров во Црното Море, кој е под контрола на Русија

„Извршен е концентриран удар со употреба на различни сили и методи на уништување, при што островскиот гарнизон претрпи значителни загуби“, се вели во извештајот на украинската оперативна команда „Југ“.

Не е прецизирано какви загуби претрпела руската војска како резултат на ударот.

Украинската армија минатата недела дека го погодила рускиот реморкер „Василиј Бек“, кој бил ангажиран за снабдување на гарнизонот на Змискиот Остров. Реморкерот бил уништен со американски проектил „Харпун“.