Украинска армија: Тешки борби во Харков, уништено училиште


Во немилосрдното руско гранатирање во текот на ноќта погодени се куќи во североисточниот украински регион Харков, соопшти Владата во Киев.

Нападот на Харков бил концентриран околу Изум и Чухуив, соопшти денеска украинската армија, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви.

Руските „окупатори“ уништија и училиште и културен центар во градот Мерефа, но засега нема информации за евентуални жртви, се наведува во соопштението, објави Си Ен Ен.

Украинската армија, исто така, известува и за силни експлозии во јужниот регион Керсон, кој е под руска контрола уште од самиот почеток на инвазијата.

Армијата предупреди дека снабдувањето со електрична енергија, вода и гас е многу тешко и со зголемени прекини низ поголемиот дел од земјата, а недостигот на храна и лекови претставува огромна загриженост.