Украинците заробиле шест руски војници во упадот на руска територија


 

Како резултат на воените дејствија кои започнаа во областа Курск откако украинските вооружени сили се пробија во регионот, загинаа најмалку тројца цивили, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот Алексеј Смирнов. Повредени се уште 13 лица, меѓу кои пет деца.

Украинските вооружени сили успеале да заробат и најмалку шест руски војници, вклучително и регрути во Курската област, пишува медиумот „Пепел“. Оваа информација ја потврдуваат видео снимките објавени на интернет од украинската војска, на кои се гледаат заробениците

Младите мажи се регрути. Според нив, тие биле заробени додека ја минувале границата. Пред тоа, руската војска помина четири дена на позиции под оган, каде што беа испратени да спречат пробивање на украинските вооружени сили. Регрутите побарале од командата да ги повлече, но биле одбиени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 8 часот, околу 300 украински војници од 22-та механизирана бригада на украинските вооружени сили, поддржани од 11 тенкови и 20 оклопни возила, нападнале населби во областа Курск. Одделот објави дека започнале вооружени судири, во кои била вклучена и руската авијација.