Украинците во контранапад во Северодонецк, повратија една петина од градот
Русите напредуваат со недели – правејќи нешто што изгледаше како бавен, но неумолив марш кон преземање на Севердонецк.
Но, денес, за прв пат, регионалниот гувернер на Луганск тврдеше дека плимата се врти.
Серхи Хаидаи рече дека бранителите на градот вратиле околу една петтина од Северодонецк – и можеле да издржат.
„Штом имаме доволно западно оружје со долг дострел, ќе ја оттурнеме нивната артилерија од нашите позиции. И тогаш, верувајте ми, руската пешадија, тие само ќе бегаат“.
Битката за Северодонецк не е само воена.
Двете страни изнесуваат информации кои одговараат на нивната агенда. Но, ако може да се одржи Северодонецк, тоа би било извонредна победа за Украинците – онаа што може да влијае на исходот на оваа војна.
Во објавите на Телеграм утрово, Серхи Хајдаи вели дека украинските сили одбиле девет непријателски напади во изминатите 24 часа, при што биле уништени тенк, артилериски систем и осум оклопни возила.
Тој вели дека единиците за противвоздушна одбрана собориле и крстосувачка ракета и три беспилотни летала.
Хајдаи изјави дека руските сили креваат во воздух мостови во близина на Северодонецк за да го спречат украинското засилување да се приклучи во битката. Според него, руските сили се соочуваат со „огромни загуби“ во Северодонецк, а украинската војска ги одбила.
Руските сили „ги фрлаат сите свои резерви во Северодонецк“, вели тој, а хуманитарната ситуација е тешка бидејќи е „невозможно да се достават храна и лекови во градот“.