Украинците уништија колона од руски трупи кај Курск, загинаа неколку стотици војници (Видео)
Според Z-блогерите ноќниот напад со многу жртви е „еден од најкрвавите удари за време на целата војна“, и тоа на руска територија

Ноќта на 9 август, Вооружените сили на Украина нападнаа колона руски војници во камиони во руската област Курск. Снимките од пожарот што ја зафати воената опрема беа објавени од голем број провоени канали на Телеграм.
Колоната беше нападната во селото Октјабрское близу градот Рилск, кој е 35 километри оддалечен од границата.
Според телеграмскиот канал „Воен информатор“, колоната со руски воен персонал била нападната со помош на американскиот систем ХИМАРС, кој досега не бил користен за време на инвазијата на украинската армија во Русија.
Според воениот аналитичар Јан Матвеев, уништени се вкупно 14 камиони со церада „Урал“ и „КамАЗ“ со пешадија, а некои од возилата целосно изгореле. „Изгледа дека целата колона превезуваше пешадија. Тие беа вооружени, вод во едно возило, најверојатно. 3-4 чети – цел баталјон беше уништен… Ова е еден од најкрвавите и најмасовните напади (најверојатно со ХИМАРС) во целата војна“, истакна Матвеев.
Во утринското видео снимено од автомобил во движење се гледаат многу јагленисани тела во камионите. Бројот на загинатите руски војници може да е неколку стотици.
В соцсетях опубликовали видео разбитой российской колонны рядом с городом Рыльском в Курской области. Как установили OSINT-исследователи, оно снято в селе Октябрьскомhttps://t.co/lV9hgix93B
📷: kiber_boroshno / Telegram pic.twitter.com/xuBxYZL8PN— Медиазона (@mediazzzona) August 9, 2024
Откако беше објавено видеото од запалената воена колона, Z-блогерите почнаа да бараат да се казнат одговорните за инцидентот. „Кој дал наредба да се движат во колони во областа на набљудување и, соодветно, ударот на ХИМАРС-ите, не е само шупак, туку треба да биде осуден и според законите на војната, денес – ова е јуришен тим“, напиша Z-блогерот Роман Алехин.
Друг Z-блогер Јуриј Подољака се согласи со ова мислење. „Уште колку? Војната е во третата година, а некои луѓе имаат страст да се движат во колони во зоната на фронтот“, истакна тој.
Инцидентот во областа Курск беше резултат не само на „непробојната глупост“ на лицето кое нареди движење во колона, туку и на „хаотичната концентрација на резервите во областа на пробивот, за што беа воопшто не е подготвен“, нагласи „Воен информатор“.
Украинските вооружени сили утрото на 6 август извршија инвазија на територијата на областа Курск и за три дена зазедоа најмалку 20 населени места.