Украинци во Србија со брод прошверцувале над 12 тони нафта


Српски цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти денеска српската Царинска управа.

Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште. Бродот пловел под знамето на Австрија, а на него имало седумчлен украински екипаж.

Сега на Србија треба да ѝ платат околу 25.420 евра
При проверка на документацијата на бродот и мерење на количеството на погонско гориво било констатирано отстапување, па деталната проверка покажала дека таканаречените баласт резервоари биле наполнети со повеќе од 12 тони нафта, иако требало да содржат вода која служи за одржување рамнотежата и стабилност на бродот.

Според итна постапка во прекршочниот суд, прекршителите се должни во државниот буџет на Република Србија да уплатат повеќе од три милиони динари или околу 25.420 евра на име противвредност на шверцуваното гориво и казни.