Украина тврди дека Русија вчера загубила 800 војници
Според последните податоци на украинскиот Генералштаб бројот на загинатите руски војници се зголемил на 73.270, а дека само вчера биле убиени 800. Ова е втора најголема бројка на загинати руски војници во последно време, според тврдењата на украинската армија. Во извештајот за неделата Киев тврдеше дека за еден ден загинале речиси 1.000 руски војници.
Според овој извештај, Русија во Украина изгубила и 2.714 тенкови, 5.525 оклопни борбени возила, 4.153 возила и цистерни за гориво, 1.733 артилериски системи, 387 системи за повеќекратно лансирање ракети, 198 системи за противвоздушна одбрана, 277 авиони, 258 хеликоптери, 1.438 дронови и 16 бродови.