Украина тврди дека Русија вчера загубила 780 војници


 

Генералштабот на Украина на 9 ноември објави дека Русија само во текот на вчерашниот ден загубила 780 војници на фронтот, со што бројот на убиени од 24 февруари до денес се искаќил на 77.950.

Исто така, Русија загубила и 2.801 тенк, 5.666 оклопни борбени возила, 1.802 артилериски системи, 393 системи за повеќекратно лансирање ракети, 205 системи за противвоздушна одбрана, 260 хеликоптери, 278 авиони, 1.483 дронови и 16 бродови.