Украина тврди дека извршила десант на Крим


Украинските разузнавачки служби извршија десант на Крим со помош на морнарицата. Тие се судрија со руските сили, соопшти Киев.

– Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а уништена е и руска воена опрема. Сите цели и задачи се исполнети. Ниту еден Украинец не е повреден, се наведува во соопштението на Украинското воено разузнавање, објавено на Телеграм.

Во соопштението се посочува и дека е истакнато и украинско знаме.

Тврдењето за десантот на Крим не е потврдено од независни извори, а Москва се уште не коментирала. 

Крим од 2014 година е под руска окупација.