Украина соборила уште еден руски борбен авион „Сухој Су-34“

Киев денеска објави дека соборил борбен авион на Русија над источните региони на Украина.
Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, во изјава за Телеграм вели дека е соборен рускиот авион „Сухој Су-34“.
Дополнителни информации за инцидентот не се објавени, а руските власти сѐ уште не ги коментирале тврдењата на Украина.