Украина собори два руски авиона


Фото: Б: Грданоски

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле два руски борбени авиона, две крстаречки ракети и 28 беспилотни летала Шахед.

Во извештајот се наведува дека нападите биле насочени кон јужните и централните региони на Украина и дека нема жртви.

Како што е наведено, лансирани се вкупно 31 дрон, но не се дадени детали што погодиле трите кои не биле пресретнати.

Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека во изминатите 24 часа еден цивил бил убиен во градот Чорнобаивка во областа Херсон, додека други четворица биле ранети во руски напади.