Украина сепак добила безбедносни гаранции од САД


 Украинскиот премиер Денис Шмихал го презентираше денеска нацрт-договорот за ретки метали со САД и изјави дека нацртот е формулиран на таков начин Вашингтон да ги поддржи напорите на Киев да добие безбедносни гаранции.

Како што јавија агенциите, Шмихал не објасни за какви безбедносни гаранции станува збор.

Шмихал додаде дека украинската Влада ќе го одобри нацрт-договорот подоцна денеска за да може да биде потпишан што е можно поскоро, при што се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок во Вашингтон да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.