Украина погоди уште еден голем брод на руската Црноморска флота
Десантниот брод „Константин Олшански“ е онеспособенен, како и „Јамал“ и „Азов“, кои беа погодени во текот на викендот

Украина онеспособи уште еден од десантните бродови на Црноморската флота на Русија, откако украинските сили уништија два големи десантни брода и еден клучен руски извидувачки брод.
Десантниот брод „Константин Олшански“ „не е борбено способен“ по нападот, изјави портпаролот на украинската морнарица капетан Дмитро Плетенчук за украинските медиуми.
Украинската морнарица во соопштение објавено во вторникот рече дека Киев „успешно го уништил“ бродот „Константин Олшански“ и трите други бродови што ги таргетираше од саботата.
Војската на Киев во неделата соопшти дека погодила два големите руски десантни бродови, „Јамал“ и „Азов“, во нападите врз пристанишниот град Севастопол на Крим. Украина, исто така, соопшти дека мета биле руски комуникациски центар и други неодредени инфраструктурни објекти.
Во подоцнежната изјава, Плетенчук рече дека извидувачкиот брод „Иван Курс“ можеби претрпел штета. Тоа беше еден од двата од овој тип на извидувачки бродови со кои располага Русија.
Украинската морнарица е мала, но Киев беше инвентивен во употребата на ракети и поморски дронови против московската Црноморска флота, делумно со седиште на Крим. Руската војска е лошо опремена да ги одбрани честите напади на Украина, претрпувајќи големи загуби во остар контраст со големиот успех што Москва го имаше во освојувањето територии во источна Украина.
Украинските власти проценуваат дека Русија изгубила до една третина од својата Црноморска флота од рацете на Киев.
Украина употреби домашна противбродска ракета „Нептун“ за да го нападне Константин Олшански, кој се „подготвуваше за употреба против Украина“, рече Плетенчук. Руската војска го презеде бродот од украинските сили во 2014 година, кога Кремљ го анектира полуостровот Крим.
Украинските противбродски ракети „Нептун“ беа употребени за да го потопа предводникот на руската Црноморска флота, крстосувачот „Москва“, во април 2022 година.
Плетенчук рече дека нападот на десантниот брод „Константин Олшански“ се случил во саботата, истиот ден кога беа и ударите врз „Јамал“ и „Азов“, јавуваат украинските медиуми.
Руските воени блогери објавија дека Украина употребила крстосувачки ракети „Storm Shadow“ и „SCALP“ испорачани од Запад за да го нападне пристаништето на Крим во саботата. Вкупно 18 проектили паднаа врз Севастопол, а руската противвоздушна одбрана пресретна 11 од проектилите, според независниот руски медиум „Астра“.
Воената разузнавачка агенција на Киев во понеделникот соопшти дека Јамал е во „критична“ состојба.