Украина негира дека Русите го освоиле Торецк


Украинската армија негираше дека Русија го освоила Торецк, објави Укринформ.

Вчера Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека градот во областа Доњецк, источна Украина, сега е под контрола на руските сили.

Но, синоќа украинското Министерство за внатрешни работи го демантираше ова тврдење. Според соопштението, неговите борци го бранат Торецк, добиваат храна и вода преку дронови.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава извести за 10 руски напади во близина на Торецк.

Во петокот биле регистрирани вкупно 123 воени судири. Најголем број од руските напади биле во правец на Покровск.