Украина направи „важен напредок“ јужно од Бахмут


 

Украинските сили регистрираа „дефинитивен напредок“ на јужното крило на источниот град Бахмут, според заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиjар.

Во објавата на Телеграм, Малиар рече дека нема промена во позициите на северното крило. Таа не даде дополнителни детали, но вниманието во последните денови беше насочено кон селото Клишчиивка, кое лежи на височините јужно од Бахмут.

Претходно, генерал полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, рече дека тие „постигнуваат напредок“ низ градот. Руските сили го зазедоа Бахмут во мај, но се смета дека се борат да ја задржат контролата над него.

„Жестоките борби“ продолжија во јужните области на Мелитопол и Бердјанск re;e Малиjар, додавајќи дека „ги консолидираме нашите придобивки во тие области“.

Претседателот Володимир Зеленски во меѓувреме рече дека не чувствува „никаков притисок“ побрзо да го види успехот. „Денес иницијативата е на наша страна“, изјави Зеленски за американската телевизија Еј-Би-Си. „Ние напредуваме, иако не толку брзо [како што би сакале]. Но, ние напредуваме“.