Украина нападна со дронови руски погранични региони


 

Ноќта меѓу 10 и 11 мај, три руски региони на границата со Украина беа нападнати со дронови одеднаш. Гувернерите го обвинија Киев за нападот со беспилотни летала.

Во областа Бријанск, еден од дроновите го погоди складиштето за нафта на претпријатие сопственост на „Роснефт“, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз. Според него, дронот бил украински.

„Како резултат на исфрлање на муницијата, делумно се оштетени бетонската основа и резервоарот за складирање нафтени деривати“, напиша гувернерот на својот канал Телеграм, истакнувајќи дека нема жртви.

Утрото на 11 мај, пет беспилотни летала одеднаш нападнааелектрична трафостаница во регионот Курск, рече гувернерот Роман Старовоит. Според него, беспилотните летала пристигнале од Украина. Како резултат на нападот делумно е прекинато снабдувањето со електрична енергија, истакна шефот на регионот. Вечерта на 10 мај три беспилотни летала го нападнаа регионот на Белгород.