Украина месецов може да извезе четири милиони тони земјоделски производи


 

Извозот на земјоделски производи од Украина месецов веројатно ќе достигне околу четири милиони тони, во однос на трите во јули, благодарение на договорот со посредување на Обединетите Нации (ОН), со што се деблокираа украински морски пристаништа, информираа денеска од Украинскиот аграрен совет.

Украинскиот извоз на жито падна откако Русија започна инвазија врз земјата во февруари и ги затвори нејзините црноморски пристаништа. Тоа, пак, поттикна раст на цените на храната во светот и страв од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.

Кон крајот на јули, со договор меѓу Москва и Киев, постигнат со посредување од ОН и Турција, беа деблокирани три црноморски пристаништа.

Но, дури и со отворени пристаништа, украинскиот земјоделски извоз е значително помал во однос на тој пред воениот конфликт. Тогаш Украина извезуваше до шест милиони тони жито месечно.

Украинскиот извоз на жито падна на годишно ниво во сезоната 2022/2023 до 19 август, 51,6 отсто, на 2,99 милиони тони месечно, според податоците на Министерството за земјоделство, објавени минатата недела.