Украина ќе добие микро дронови од Норвешка и Велика Британија

Микро дроновите се навистина мали - 16 х 2,5 сантиметри, но се многу корисни за извидување и идентификација на целта


 

Норвешка и Обединетото Кралство заеднички ќе доставуваат микро-дронови на Украина за да помогнат во нејзината борба против руската инвазија, соопшти во средата норвешкото Министерство за одбрана.

Беспилотните летала Black Hornet развиени од Норвешка од производителот Teledyne FLIR вредат до 9,25 милиони долари, се вели во соопштението на Министерството.

Пакетот вклучува единици Black Hornet, резервни делови, транспорт и обука, кои ќе бидат финансирани од фонд предводен од Британија во кој придонесе Норвешка, според Министерството. Овие дронови се екстремно мали 16 х 2,5 сантиметри, но се исклучително ефикасни.

„Дронот се користи за извидување и идентификација на целта. Лесен е за ракување, робусен, тежок за откривање и особено добро прилагодено за борба во урбани средини“, рече норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Министерството додаде дека Украина побарала ваков тип на опрема како помош во војната.