Украина и Молдова добија кандидатски статус во ЕУ


 

Европските лидери штотуку им доделија кандидатски стаус на Украина и Молдова во дебата којашто изгледаше полесна од очекуваното. Сега двете земји (во едната се води жестока војна, а во другата има оцепен проруски регион) застанаа во долгиот ред за членство, но ЕУ не ветува никакви рокови додека не се исполнат строги критериуми.

Оваа одлука и се очекуваше бидејќи претходно Европскиот парламент со огромно мнозинство ги поддржа нивните барања.