Украина го отвора првиот кластер од преговорите со ЕУ во март?
Највисокиот дипломат на ЕУ, Каја Калас, се придружи на денешниот појадок во Брисел дизајниран да го забрза процесот на пристапување на Украина во Унијата, додека Киев се залага да ја забрза својата кандидатура за членство.
Шведската министерка за Европа, Џесика Розенкранц, е домаќинка на Калас, комесарката за проширување Марта Кос и украинската вицепремиерка Олgа Стефанишина на појадок во „Софител“.
Зборувајќи за „Политико“, Розенкранц рече дека Европа треба да го „зграби моментумот“ за пристапување на Украина за да го отвори првиот кластер во преговорите за членство со ЕУ, идеално до март. „Гледаме дека Украина го забрза својот реформски процес“, рече таа.
Лидерите на ЕУ ѝ доделија на Украина кандидатски статус во 2022 година и го отворија својот формален процес за аплицирање во средината на 2024 година, но Киев допрва треба да го отвори својот прв преговарачки кластер со блокот. Одложувањето се должи на „годината на ЕУ на неправење ништо“ и барањата за реформи од Украина. Но, според Розенкранц, Украина покажала доволно напредок за блокот да отвори прв кластер, кој се занимава со „основите“ како што е владеењето на правото, и ја отвора вратата за понатамошни преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сака Киев да преговара за пет или шест кластери од 35 во 2025 година.