Украина до Берлускони: Дали си пијан брат?
Украина му возврати на Силвио Берлускони, откако поранешниот италијански премиер го пофали рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој мора да е под влијание на руската вотка“, критикуваше Михаило Подољак, советник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишувајќи на италијански на Твитер.
Берлускони „повторно се поврза“ со Путин и се опишал себеси како еден од „петте вистински пријатели“ на рускиот претседател, според протечената аудио снимка објавена во италијанските медиуми претходно оваа недела.
Подољак го пофали очекуваниот следен премиер на Италија, лидерката од екстремната десница Џорџија Мелони, која го нападна Берлускони по неговите запаливи изјави во јавноста.
„Секоја криза го отвора патот за вистинските лидери, а Мелони„покажува кои се вистинските принципи и разбирање на глобалните предизвици. Секој си го избира својот пат“, додаде Подољак.
Амбасадата на Украина во Италија соопшти дека е „тажно“ што ги чита коментарите на Берлускони кои ги опишува како „империјалистички авторитарни изјави“.