Украина бара начин како да се одбрани од иранските дронови испорачани на Русија
Украинските власти соопштија дека имало пет напади врз пристанишниот град Одеса во последните денови од страна на руските сили користејќи неодамна купени ирански беспилотни летала.
Русија лансираше беспилотни летала камикази „Шахед-136“ од Иран против градот „неколку дена по ред“, рече Серхи Брачук, портпарол на цивилната воена управа во регионот на Одеса. „Непријателот се обидува да ги заштеди своите крстаречки ракети, проектили од различен калибар, бидејќи овие беспилотни летала се многу поевтини… И тие работат не сами, туку понекогаш и во парови. Дури забележуваме дека непријателот може да лансира неколку такви камиказе беспилотни летала за време на еден напад“.
Во последните напади со беспилотни летала, „имаше два удари, едно беспилотно летало камиказе беше уништено, но се случи детонација на територијата на овој воен објект [инсталација]… Немаше жртви“, додаде тој.
Одделно, Наталија Хумениук, портпарол на Оперативната команда Југ, рече дека примероците од беспилотните летала се проучуваат за да се развијат начини за нивно уништување.