Украдените икони вратени од Албанија во Македонија (фото)

Вкупно 20 икони кои беа украдени од македонските цркви пред петнаесетина години


Фото: Б. Грданоски

 

Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Северна Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадионовска-Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски.

Фото: Б. Грданоски

Вкупно 20 икони кои беа украдени од македонските цркви пред петнаесетина години, претежно од струшкиот регион, беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.

Фото: Б. Грданоски

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Еди Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. По завршувањето на овој процес за враќање на 20-те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски