Украдени кучињата на Ленче Ристовска


Фото: Б. Грданоски

Ленче Ристовска, поранешната специјална јавна обвинителка, на својот профил на Фејсбук објави дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни, но семејството апелира да им ги вратат.

Ристовска напоменува дека нема да покрене постапки против лицата кои ги украле, само сака да им ги вратат кучињата кои осум години се дел од семејството.

– Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите. Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство осум години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Ви благодарам, телефон за контакт – 070389848 Љупчо, наведува Ристовска.

Во меѓувреме, Ристовска на Фејсбук напиша дека едно од кучињата, Зоне е најдено.