Украдени 150.000 евра од банката во Чаир


Разбојниците кои вчера среде бел ден ја ограбија експозитурата на НЛБ Банка украле 150.000 евра, соопштуваат од НЛБ Банка. Засега четворицата крадци кои влегоа во банката маскирани и вооружени се во бегство, а возилото со кое избегале го запалија.

Од НЛБ Банка информираат дека клиентите и вработените во банката се безбедни и во добра состојба.

„Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително, работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување“, велат од банката.

Експозитурата моментално не работи, а ќе продолжи да ги опслужува клиентите од утре. „Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот“, велат од банката.