Украдени 1,5 милиони евра во близина на аеродромот во Тирана

Доцна попладнево во близина на Меѓународниот аеродром во Тирана ограбено е блиндирано возило кое транспортирало пари на банка од Тирана.

Според првичните информации украдени се 1,5 милиони евра.

Во грабежот учествувале повеќе маскирани и вооружени лица кои прво со ПП апарат го скршиле предното стакло на возилото.

Веднаш во потрага се вклучиле припадниците на единицата за брза интервенција. Недалеку од аеродромот, во спореден пат разбојниците биле забележани по што отвориле оган кон полицијата. Во меѓусебната престрелка убиен е еден од разбојниците.

Останатите разбојници успеале да и избегаат на полицијата.

Во потрагата се вклучени и дополнителни полициски сили од Драч, Лежа, Пешкопеја, припадниците на специјалната единица „Ренеа”, како е еден хеликоптер.