Укинати сите ограничувања за влез во Хрватска
Во Хрватска се укинати сите ограничувања за влез во земјата кои беа воведени поради пандемијата, потврди денеска Министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Влезот во Хрватска е дозволен со уважување на условите за влез кои беа важечки пред епидемијата на Ковид-19, односно условите пропишани со Законот за шенген граници, Законот за странци и други, (без задоволување на епидемилошките услови), се наведува во соопштението.