Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичевo преку Стража


Фото: Б. Грданоски

Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража.

Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно.

Посочуваат дека од 00:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 06:20 часот поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.