Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

20151019 Monday 1425 Stevcho Jakimovski Stevco

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12. 09. 2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазлвиост. По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост, соопштуваат од Судот.

Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во периодот од 2011 до 2017 при постапување по барање за утврдување правен статус на објекти лоцирани на ул. „Илинденска“ воп Скопје.