Ѓукановиќ ќе воведе вонредна состојба !?


Мило Ѓукановиќ владее со Црна Гора веќе 30 години

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој е и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), планира да воведе вонредна состојба откако неговата партија ги загуби парламентарните избори, пренесува „Курир.рс“.

Според весникот, кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот претседателот Ѓукановиќ има намера да ја искористи да прогласи вонредна состојба поради фактот дека во Црна Гора има се поголем број на заразени.

Иако Ѓукановиќ го призна поразот и најви дека ќе замине во опозиција сепак познавачите на приликите не се убедени дека тоа ќе оди така лесно бидејќи тој и неговите сопартиции период од вонредната состојба ќе се обидат да го искористат да купат најмалку уште една пратенички глас колку им е неопходен за да останат на власт.

Подгоричкиот весник „Дан“, повикувајќи се на повеќе извори од победничката коалиција, јави дека официјалните преговори за конституирање нова извршна и законодавна власт почнуваат денеска.Претставниците на трите коалиции кои обезбедија мнозинство во парламентот, истакнуваат дека се создадени сите услови за официјални преговори и дека дејствуваат во тој правец. Тие најавуваат дека до крајот на октомври ќе има целосно формирана влада.