УЈП: Достапни се обрасците за финансиска поддршка за исплата на плати


Фото: Б. Грданоски

Управата за јавни приходи ги постави на нејзината интернет страница неопходните формулари за поднесување барање за финансиска поддршка за исплата на плати, мерка која е дел од Четвртиот пакет кој го донесе Владата.

Финансиската поддршка е за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, но како што велат од УЈП во соопштението до медиумите, барањата се поднесуваат електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно.

Станува збор за Барање за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците, кое го поднесуваат работодавачите и Барање за  финансиска поддршка за исплата на финансиски средства, кое го поднесуваат физички лица кои вршат самостојна дејност.

„Врз основа на Законот  за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата  на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, за остварување на правото работодавачот поднесува електронски Барање за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците – образец БФП-ИП/2 преку системот е-Даноци до Управата за јавни приходи за секој месец посебно. (линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/227).

Согласно Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, физичките лица вршители на самостојна дејност може да поднесуваат Барање за  финансиска поддршка за исплата на финансиски средства образец БФС-СВД/2 електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно. (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/227)“, велат од УЈП.

Од таму додаваат дека начинот на пополнување на барањата за финансиска поддршка за исплата на плати (образец БФП-ИП-2 и БФС-СВД/2 ) е составен дел на барањата, односно е појаснет во Упатството за пополнување.