УЈП: Барањата за финансиска поддршка за јуни се поставени на системот е-даноци и ЕПДД


Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година, соопшти Управата за јавни приходи.

За таа цел УЈП ги изготви и постави на системот е-даноци Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании и го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност, се вели во соопштението.

Од УЈП додаваат дека во изминатиот период мерката за финансиска поддршка ја искористиле:

– за април 2020 година вкупно 19.696 работодавачи, односно 5.707 самостојни вршители на дејност.

-за мај 2020 година вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.