УХМР: Следува период на претежно сончево време

Следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степени.