Угостителските услуги лани поскапеле за 9,8 отсто


Фото: Б. Грданоски

Цените на угостителските услуги во декември во споредба со ноември 2023 година, се зголемени за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – декември 2023 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, цените пораснале за 9,8 отсто, додека во однос на декември 2022 година, се зголемени за 4,3 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,5 отсто и Алкохолни пијалаци за 1,4 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6,5 отсто.