Угостители кршеа чинии пред Владата на Косово

Претставници на Здружението на угостители на Косово со кршење чинии пред зградата на Владата го изразија своето незадоволство поради недостатокот на институционална поддршка за овој бизнис, кој трпи големи штети од ограничувањата поради епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на Здружението, Петрит Клокоќи ги повика косовските угостители да се придружат на акцијата, како и на протестот на главниот приштински плоштад, закажан за 25 септември.

-Преку овој симболичен чин го изразуваме нашето незадоволство поради немањето финансиска поддршка од институциите на Косово и неукинувањето на мерките кон угостителството. Исто така ги повикуваме сите угостители да се приклучат на оваа симболична акција, како и на протестот на 25 септември во 14 часот пред Собранието и Владата, изјави Клокоќи.