Ужас крај Париз: Роднина закла петмина, меѓу кои и деца


 

Пет тела, вклучително и четири деца, најдени се во предградие на Париз, јави АП повикувајќи се на обвинителството, пренесе Индекс.

Наводно, повредени се уште пет лица, меѓу кои еден потешко. Меѓу нив е и лицето што се товари за злосторството.

Телевизијата БМФ објави дека крваво момче влегло во кафуле во близина на Париз и побарало помош.

Рекло дека роднина ги нападнал членовите на семејството со нож и чекан.