Угина и третиот пржевалски коњ во скопската зоолошка


Откако викендов беше пријавено дека два од ретките пржевалски коњи со потекло од Монголија угинале во скопската зоолошка градина, утринава стигна информација дека угина и третиот коњ, донација на австриски национален парк.

Угинувањето на коњите вчера беше пријавено и во полиција од страна на вработените, под сомнеж дека станува збор за труење.

Сомнежот за намерно труење сега треба да го потврдат наодите од обдукцијата.

Но според исказите на вработените сè се случило премногу брзо, во околината немало никаква друга храна, коњите не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и мртва птица.

Неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на ЗОО Скопје, угина од инфекција „салмонела“.