УЕФА од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во ЛШ, Челзи повторно против Лил


Осминафиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) се познати попладнево, откако УЕФА прво ја поништи извлечената жрепка поради технички проблем со софтверот и ја повтори целата процедура.

Како и при првата жрепка што беше извлечена точно напладне, бранителот на трофејот Челзи за противник го доби француски Лил, додека Манчестер јунајтед место со ПСЖ ќе игра против Атлетико Мадрид,

Лига на шампиони, осминафинале:

Салцбург – Баерн Минхен, Спортинг – Манчестер сити, Бенфика – Ајакс, Челзи-Лил, Атлетико – Манчестер јунајтед, Виљареал – Јувентус, Интер – Ливерпул, ПСЖ – Реал Мадрид.

Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, додека пак реваншите се на програмата 8/9/15/16 март.