УЕФА ја промени одлуката, руските младински тимови нема да учествуваат на меѓународни турнири
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) ја откажа одлуката да им дозволи на руските младински тимови да учествуваат на меѓународни турнири, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на новинарот на Скај њуз, Роб Харис.
УЕФА денес соопштила дека не може да се најде техничко решение за да им се дозволи на руските тимови да играат.
На 26 септември, УЕФА им дозволи на руските репрезентации со играчи помлади од 17 години да се натпреваруваат под нејзино покровителство. Руските тимови требаше да ги играат своите натпревари на неутрална територија без употреба на знаме или химна.
По оваа одлука Украина, Англија, Полска, Летонија, Шведска, Данска, Норвешка и Литванија најавија бојкот на натпревари со учество на Руси.