УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа поради местење натпревари


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја исфрли Осасуна од европските клупски натпреварувања за претстојната сезона, објави синоќа шпанскиот клуб.

Осасуна е исфрлена од Европа бидејќи нејзиното поранешно клупско раководство е осудено за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година.

Клубот од Памплона, кој избори пласман во Конференциската лига на УЕФА за сезоната 2023/24, најави дека ќе поднесе жалба.

„Подготвени сме на најлошото, но продолжуваме да живееме со мотото кое нè следеше во реконструкцијата на тимот изминатите девет години: Осасуна никогаш не се предава“, објави шпанскиот прволигаш.