УЕФА го казни Ајакс за однесувањето на навивачите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Ајакс со парична казна за однесувањето на неговите навивачи за време на осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (4:1).

Клубот од Амстердам ќе плати 23 илјади евра.

Така, навивачите на Ајакс ќе можат да присуствуваат на гостинскиот натпревар против Јувентус во четвртфиналето на ЛШ.

Натпреварот ќе се игра на 16 април во Торино.